Доделени медали на учесниците


Учесниците на ракометната академија „Андреа Лекиќ“, во друштво на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и директорот на СРЦ „Билјанини извори“, Ристе Мишев вчера беа на двочасовно крстарење по Охридското езеро.

Во своето обраќање, градоначалникот Бакрачески им посака пријатен престој во Охрид на учесниците на ракометната академија и успешно совладување на сите ракометни тајни од големите мајстори, како што е Андреа Лекиќ.

Бакрачески-Лекиќ

Ми причинува огромно задоволство што имам можност да присуствувам во вашето друштво помеѓу овие ведри, насмеани и задоволни лица од успешното совладувањето на ракометните вештини. Благодарен сум што го одбравте Охрид за место на одржување на овој познат и интернационален летен камп“, истакна градоначалникот Бакрачески.

Во знак на благодарност, градоначалникот на најдобрата ракометарка во светски рамки ѝ врачи пригоден подарок за тоа што третиот интернационален ракометен камп го донесе во Охрид.

Светски познатата ракометарка и иницијатор за организација на овај камп, Андреа Лекиќ, уште еднаш изрази голема благодарност за помошта која општина Охрид им ја даде во организацијата на овој настан.

Андреа изјава

„Сакам да се заблагодарам на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој дојде заедно со нас на ова крстарење по Охридското езеро, исто така сакам да се заблагодарам до општина Охрид што ни излезе во пресрет и ни ги овозможи овие одлични услови кои ги имавме во изминатите шест дена“, рече Андреа Лекиќ.

На учесниците од овогодинешната ракометна академија градоначалникот Бакрачески и ракометарката Лекиќ им доделија медали и признанија за успешно завршената академија.

учесници со медали

Покрај тренинзите, вештините и убавините на ракометот, академијата на своите учесници им овозможи прилика да ги почувствуваат убавините на градот и езерото, како и културното наследство на Охрид.

PREUZETO SA: ohrid24.mk